Улицата „Волковска“ во Ѓорче Петров утре ќе биде целосно затворена поради градежни работи
- СООПШТЕНИЕ - Во рамки на проектот за унапредување на патната инфраструктура, на улицата „Волковска“ во Општина Ѓорче Петров ќе се вршат градежни активности за вградување на завршен асфалтен слој.

4 јули 2025
Во рамки на проектот за унапредување на патната инфраструктура, на улицата „Волковска“ во Општина Ѓорче Петров ќе се вршат градежни активности за вградување на завршен асфалтен слој.
Работите ќе започнат на 5 јули (сабота) од 01:00 часот по полноќ, и ќе траат најдоцна до 6 јули (недела) до 09:00 часот. Во наведениот период, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Како резултат на затворањето, автобуската линија бр. 22 ќе сообраќа до „Блага Вода“ согласно возниот ред на ЈСП, а од „Блага Вода“ до последната станица на 22-ката, во двата правци, превозот ќе биде организиран со комбиња.
Оваа активност е дел од напорите за зголемување на безбедноста и флуидноста на сообраќајот во овој дел од градот, со што ќе се овозможат подобри услови за движење на сите учесници во сообраќајот.
Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање и ги повикуваме да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и насоките од надлежните служби за време на изведбата на градежните работи.
Општина Ѓорче Петров
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки