Жител на кавадаречко село пријавил физички напад од братот
- Жител на кавадаречко село во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од братот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 13 октомври 2025 (МИА) - Жител на кавадаречко село во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од братот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Според евидентираното, вчера во 12:21 часот во ОВР - Кавадарци, 36-годишно лице од кавадаречко село пријавило дека во домот дошол неговиот брат и физички го нападнал.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/вј/
Фото: МИА архива