• сабота, 06 јули 2024

Украинско МНР: Посетата на Орбан на Москва не беше координирана со Украина

Украинско МНР: Посетата на Орбан на Москва не беше координирана со Украина

Киев, 5 јули 2024 (МИА) - Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на Орбан на Москва, која уследи по неговото патување во Киев претходно оваа недела, не била координирана со Украина.

-Потсетуваме дека за нашата земја принципот „нема договори за Украина без Украина“ останува непоколеблив и ги повикуваме сите земји строго да го почитуваат, се вели во соопштението на Министерството.

Киев го гледа својот мировен план од 10 точки и меѓународниот самит заснован на него како единствениот реален пат за ставање крај на војната со Русија, која трае повеќе од две години. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан