• недела, 19 мај 2024

Украинско воздухопловство ги соборило сите осум беспилотни летала што Русија ги употребила за ноќешните напади

Украинско воздухопловство ги соборило сите осум беспилотни летала што Русија ги употребила за ноќешните напади

Киев, 29 јануари 2024 (МИА) – Украинските воздухопловни сили ноќеска ги уништија сите осум беспилотни летала „Шахид“, што Русија ги употреби за напад на неколку области во земјата, соопшти утринава Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Беспилотните летала се уништени над регионите Николаев, Дњепропетровск, Хмелницки и Ровињ, пренесоа украинските медиуми.

Русија синоќа лансираше една ракета „Искандер-М“ и три ракети од системот С-300 кон Украина, соопштија вооружените сили на Украина. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан