• четврток, 26 март 2026

Украинските воздухопловни сили пријавија руски напади со дронови во источна и јужна Украина

Украинските воздухопловни сили пријавија руски напади со дронови во источна и јужна Украина

Киев, 27 мај 2025 (МИА) – Во источните и јужните делови на Украина синоќа беше прогласена воздушна тревога, откако украинските вооружени сили преку „Телеграм“ предупредија за нови руски напади со беспилотни летала.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нападите се случиле во областите Суми, Харкив, Днипро и Миколаив, како и над црноморскиот пристанишен град Одеса. Според властите, во нападите биле користени и ирански дронови од типот „Шахед“.

Локални медиуми јавија за експлозии во областа Суми, која се наоѓа во близина на границата со Русија.

Сѐ уште не е познато дали интензитетот на овие напади е ист како и во изминатите ноќи. Украинските власти вчера соопштија дека во текот на викендот и претходниот ден биле регистрирани најголемиот број руски напади со дронови и ракети од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан