Украинските воени воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта собориле 54 руски дрона
- Украинските одбранбени сили уништиле 54 дрона со кои Русија ја нападна Украина изминатата ноќ, соопштија Воздухопловните сили на Телеграм.
Киев, 25 јули 2025 (МИА) – Украинските одбранбени сили уништиле 54 дрона со кои Русија ја нападна Украина изминатата ноќ, соопштија Воздухопловните сили на Телеграм.
Според информациите на украинската армија, од 18:30 часот вчера Русија ја нападнала Украина со вкупно 63 воздушни оружја – две балистички ракети „Искандер“, кои биле лансирани од Воронешка област во Русија, и 61 дрон „Шахед“.
Според прелиминарните податоци, украинските сили за противвоздушна одбрана успеале да соборат 54 дрона во северниот и источниот дел на земјата. На четири други места се регистрирани уште седум дрона, а остатоците на два од нив се пронајдени на две одделни локации, појаснија украинските воздухопловни сили.
Претходно утрово, воздухопловните сили соопштија дека изминатата ноќ уништиле седум дрона над Дњепарската област. Регистрирани се и напади во реонот на Синелниково.
Во меѓувреме, раководителот на украинскиот Центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко, изјави дека во текот на ноќта Украина нападнала со два дрона две важни постројки на руски воено-индустриски комплекс. јт/
Фото: МИА архива