• среда, 29 мај 2024

Украинската армија тврди дека ја држи контролата над Часов Јар и покрај руските напади

Украинската армија тврди дека ја држи контролата над Часов Јар и покрај руските напади

Киев, 21 април 2024 (МИА) - Градот Часов Јар во источна Украина останува под украинска контрола и покрај обидите на руските сил да го освојат, соопшти украинската војска, пренесува ДПА.

„Часов Јар се држи. Непријателот врши притисок, но ситуацијата е под контрола, нема руски војници во градот“, изјави денеска портпаролот на локалните украински трупи, Назар Волошин.

Волошин, исто така, рече дека руските копнени сили неуспешно се обиделе да напредуваат со артилериска поддршка.

Се верува дека по заземањето на Богдановка, следна цел на руската армија е Часов Јар, кој е одалечен само неколку километри од линијата на фронтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред само неколку дена го посети Часов Јар и изврши увид во неговата одбрана, потсетува ДПА.са.

Остани поврзан