Украина соопшти дека не успеала целосно да го одбие последниот руски напад
- Русија ноќеска изврши уште еден напад со дронови врз Украина, а украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека биле соборени само 42 од 86 лоцирани руски борбени дронови.

Киев, 27 март 2025 (МИА) – Русија ноќеска изврши уште еден напад со дронови врз Украина, а украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека биле соборени само 42 од 86 лоцирани руски борбени дронови.
Други 26 лажни дронови кои не носеле експлозив паднале без да предизвикаат штета, соопшти војската во извештајот за напади во регионите Харков, Суми, Чернихив и Дњепропетровск.
Украинските сили, исто така, не можеа да пресретнат балистичка ракета Искандер-М лансирана од Русија, се вели во соопштението.
ДПА нагласува дека информациите не можат да се потврдат од независен извор. јт/
Фото: Главна дирекција на Државната служба за итни случаи на Украина во Харков