• вторник, 03 декември 2024

Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски

Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски

Киев, 10 ноември 2024 (МИА) – Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата.

Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови на 18 октомври. Тие прецизираа дека 67 дронови исчезнале од радарите, а други влегле во воздушниот простор на соседите на Украина, Белорусија и Молдавија, јави ДПА.

Најпогоден е црноморскиот град Одеса, каде се оштетени домови, продавници, автомобили и гаражи, соопштија украинските власти. Пријавени се и повредени, без да се наведат детали.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека рано утрово одбило 70 напади со украински дронови, од кои 34 биле пресретнати во московскиот регион. Една жена се здобила со изгореници откако остатоци од соборен дрон паднале врз нејзината куќа По неколку часа прекин, главните аеродроми во Москва повторно работат. јт/

Остани поврзан