• четврток, 26 декември 2024

Украина прогласи висок степен на тревога

Украина прогласи висок степен на тревога

Киев, 11 ноември 2024 (МИА) – Ниту еден руски проектил денеска не стигна до Украина, откако украинските воздухопловни сили прогласија тревога поради големиот број бомбардери кои полетале од руска територија првпат по повеќе од два месеца.

Украинската војска очекуваше масовен руски напад, а Украина превентивно ја прекина струјата и ги повика жителите да отидат во засолништата.

- Воздушното предупредување е поврзано со лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС, објавија на Телеграм украинските воздухопловни сили. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан