• петок, 22 ноември 2024

Украина повторно ги повика руските војници да се предадат

Украина повторно ги повика руските војници да се предадат
Киев, 7 октомври 2022 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска ги повика руските војници да го положат оружјето, ветувајќи им „живот и безбедност“. - Сè уште можете да ја спасите Русија од трагедија и руската армија од понижување. Гарантираме веднаш  живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат, истакна Резников на руски јазик во видеото упатено до руските војници. Тој додаде дека „ќе им се суди на тие што издале криминални наредби“. ми/

Остани поврзан