• недела, 22 декември 2024

Украина очекува активна помош од меѓународните организации за хуманитарни коридори

Украина  очекува активна помош од меѓународните организации за хуманитарни коридори
Киев, 3 март 2022 (МИА) - Украина очекува активна помош од меѓународните организации, вклучувајќи го и ОБСЕ, во создавањето на хуманитарни коридори. Михаило Подолиак, советник на шефот на кабинетот на претседателот, за ова прашање се огласи на Твитер: „Села и градови, каде стационирани се колони руски војници, веднаш станаа места на грабежи и убиства. Имаме потреба од хуманитарни коридори - храна, лекови, безбеден премин за амбулантни возила, евакуација на деца. Очекуваме активна помош од меѓународните организации, вклучувајќи го и ОБСЕ. Доста со зборови!“. бд/сд
 

Остани поврзан