• понеделник, 18 ноември 2024

Украина најави рекорден увоз на струја

Украина најави рекорден увоз на струја

Киев, 13 мај 2024 (МИА) - Украина планира рекорден увоз на електрична енергија од пет европски земји, откако пријави голема штета на нејзината енергетска инфраструктура поради руски ракетни напади, објави Министерството за енергетика.

Се очекува увозот да се зголеми на 19.484 мегават часови (Mwh), надминувајќи го рекордот од 18.649 Mwh на крајот на март, по првиот бран руски напади врз енергетскиот сектор на Украина.

-Секојдневно се соочуваме со значителен недостиг од електрична енергија...Причината за тоа е масовната штета на нашите електрани, кои веќе не можат да произведуваат доволно електрична енергија како во периодот пред нападот, објави националниот оператор Укренерго. 

Министерството за енергетика додава дека планира да увезува струја од Романија, Словачка, Полска, Унгарија и Молдавија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан