• сабота, 18 јануари 2025

Сикорски: ЕУ не е согласна со предлогот на Борел за прекин на политичкиот дијалог со Израел

Сикорски: ЕУ не е согласна со предлогот на Борел за прекин на политичкиот дијалог со Израел

Брисел, 18 ноември 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Европската унија не се согласни да го прекинат политичкиот дијалог со Израел, соопшти Полска, по предлогот за тоа да го стори шефот за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел.

Пред денешниот состанок во Брисел, Борел испрати писмо до министрите за надворешни работи на ЕУ, наведувајќи ја „сериозната загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право во Газа“.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за новинарите во Брисел изјави дека тој и неговите колеги од другите земји на ЕУ не се согласуваат со предлогот.

„Знаеме дека има трагични настани во Газа, голем број цивилни жртви, но не забораваме кој го започна сегашниот циклус на насилство“, нагласи Шикорски. „И можам да ви кажам дека немаше договор за идејата за прекин на преговорите со Израел“.

Политичкиот дијалог е вкотвен во поширокиот договор за односите меѓу ЕУ и Израел, вклучително и екстензивните трговски врски, кој стапи на сила во јуни 2000 година.

За прекин на преговорите ќе биде потребно одобрение од сите 27 земји на ЕУ. зш/

Остани поврзан