Украина нападна рафинерија за нафта во јужна Русија
- Украина продолжи со систематските напади со дронови врз руската нафтена индустрија, насочени кон рафинерија на југ, соопштија денеска властите.
Москва/Киев, 26 септември 2025 (МИА) - Украина продолжи со систематските напади со дронови врз руската нафтена индустрија, насочени кон рафинерија на југ, соопштија денеска властите.
Руските власти во регионот Краснодар објавија дека избувнал мал пожар во рафинеријата Афипски и дека делови од дрон се урнале во фабриката. Нема жртви, објавија тие.
Според украински извори, рафинеријата, која произведува бензин и дизел, претходно била нападната на 28 август.
Експертите проценуваат дека Русија изгубила околу една четвртина од својот капацитет за преработка на нафта како резултат на повторените напади врз рафинерии, пумпни станици и терминали за товарење. Ова доведе до недостиг на дизел и бензин во некои региони.
Недостатокот веќе доведе до значително повисоки цени на пумпите.
Украина ги таргетираше складиштата за гориво и рафинериите како дел од својата одбранбена кампања против тековната инвазија на Русија.
Русија првично воведе забрана за извоз на гориво во март за да го стабилизира домашното снабдување, иако ограничувањата, кои беа продолжени во четвртокот, исто така ги чинеа приходите на владата кои се клучни за нејзините воени напори. мс/
фото: ЕПА архива