• петок, 05 декември 2025

Украина изврши напад на руска локација за лансирање дронови во регионот Курск

Украина изврши напад на руска локација за лансирање дронови во регионот Курск

Киев, 21 април 2025 (МИА) – Воздухопловството на Вооружените сили на Украина успешно погоди локација во близина на селото Тјоткино во Курската област, од каде руската војска лансира јуришни дронови, соопшти денеска Генералштабот на Вооружените сили на Украина.

Според наводите на украинскиот Генералштаб на Фејсбук, руската војска го користела погодениот објект во Курск за подготовка, опремување и лансирање извидувачки и нападни дронови, вклучувајќи и беспилотни летала, пренесе Укринформ.

Во нападот, како што се наведува, украинските воздухопловни сили успеале да елиминираат до 20 оператори на дронови. јт/

Фото: Министерство за одбрана на Украина

Остани поврзан