• недела, 22 декември 2024

Украина го осуди рускиот план за одржување претседателски избори на окупираните територии

Украина го осуди рускиот план за одржување претседателски избори на окупираните територии

Киев, 9 декември 2023 (МИА) - Украина ги осуди руските планови за одржување претседателски избори на окупираната територија следната пролет, прогласувајќи ги за „ништовни и неважечки“, пренесува Гардијан.

„Ја повикуваме меѓународната заедница цврсто да ја осуди намерата на Русија да одржи претседателски избори на окупираните украински територии и да воведе санкции за оние кои се вклучени во нивното организирање и спроведување“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Министерството, исто така, ги предупреди земјите да не испраќаат набљудувачи на „псевдоизбори“, велејќи дека прекршителите „ќе се соочат со кривична одговорност“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан