• вторник, 14 мај 2024

Украина ги доби првите ракетни фрлачи со долг дострел М270 од Велика Британија

Украина ги доби првите ракетни фрлачи со долг дострел М270 од Велика Британија
Киев, 15 јули 2022 (МИА) - Украина денеска ја доби од Велика Британија првата испорака на модерни ракетни системи со долг дострел М270, напиша на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, „Првите M270 пристигнаа! Тие ќе бидат добро друштво на ХИМАРС на бојното поле“, напиша министерот и додаде: „Нема да има милост за непријателот“. Во интервју за Би-Би-Си Украина објавено денеска, Резников посочи дека Украина веќе добила три M270, а ќе добие уште. Во јуни, британскиот министер за одбрана Бен Валас објави дека Лондон ќе испрати во Украина американски ракетни системи М270, способни да погодат цели во радиус од 80 километри. паг/    
 

Остани поврзан