• сабота, 28 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени

Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени

Киев, 22 април 2025 (МИА) - Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени, додека останатите 16 не стигнаа до целите. Регионите на Одеса и Киев беа нападнати во текот на ноќта, а во утринските часови започна нова непријателска операција, соопшти денеска Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Според извештајот на Авијацијата на вооружените сили на Украина, Русите синоќа нападнале со 54 нападни беспилотни летала (UAV), а зоните за лансирање биле Милерово, Курск, Брјанск, Приморско-Ахтарск (Русија) и Чауда (Крим).

Се наведува дека нападот од воздух е одбиен со помош на авијација, противвоздушни ракетни единици, опрема за електронско војување и мобилни огнени групи на украинската одбрана.

До 9 часот е потврдено соборувањето на 38 јуришни беспилотни летала Шахед на истокот, северот, југот и центарот на земјата, објави Военото воздухопловство на социјалните мрежи.

„Поради непријателскиот напад беа погодени регионите на Одеса и Киев“, се вели во извештајот.

„Од 8 часот наутро започна нов бран руски напади. Групи ударни дронови влегуваат од север преку регионот Суми“, нагласија од Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан