• петок, 22 ноември 2024

Узбекистан тврди дека бил мета на ракетен напад од Авганистан

Узбекистан тврди дека бил мета на ракетен напад од Авганистан
Ташкент, 6 јули 2022 (МИА) -  Министерството за надворешни работи на Узбекистан соопшти дека ракети истрелани од Авганистан вчера ја погодиле узбекистанската територија. - Околу 16 часот и 20 минути, забележано е паѓање на пет ракети, најверојатно лансирани од територијата на Авганистан во близина на границата. При падот на ракетите не е предизвикана експлозија и нема човечки жртви. Причинета е помала материјална штета на четири приватни куќи, се наведува во соопштението. Исто така се посочува дека се „преземени неопходните мерки за утврдување на причината за инцидентот во соработка со авганистанската страна“. Авганистанскиот огранок на екстремистичката група Исламска држава во април тврдеше дека извршил ракетен напад врз Узбекистан, но официјален Ташкент негираше. Узбекистан е најнаселената земја во Централна Азија со своите 35 милиони жители, а со Авганистан дели повеќе од 140 километри копнена граница. ми/  

Остани поврзан