• петок, 22 ноември 2024

УЕФА го суспендираше судијата од ВАР кој препорача да се досуди пенал на натпреварот ПСЖ – Њукасл

УЕФА го суспендираше судијата од ВАР кој препорача да се досуди пенал на натпреварот ПСЖ – Њукасл

Нион, 29 ноември 2023 (МИА) - Судијата кој работеше за ВАР на вчерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Њукасл е суспендиран.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го суспендираше видео помошниот судија Томаш Квјатковски да работи на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Сосиедад и Салцбург.

Квјатковски вчеравечер му препорача на главниот судија на натпреварот ПСЖ - Њукасл (1:1), Шимон Марчинијак да досуди пенал во судиското надополнување на времето во корист на парижаните, поради играње со рака во сопствениот шеснаесетник.

Напаѓачот Килијан Мбапе погоди во осмата минута од судиското надополнување и домаќините избегнаа пораз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан