Убиен локалниот лидер на индиската владејачка партија во Кашмир
- Екстремистите денеска го убија локалниот лидер на индиската владејачка партија Баратија Џаната парија (БЈП) во спорната територија Кашмир, соопшти полицијата

Њу Делхи, 8 јули 2020 (МИА) - Екстремистите денеска го убија локалниот лидер на индиската владејачка партија Баратија Џаната парија (БЈП) во спорната територија Кашмир, соопшти полицијата.
Екстремистите отвориле оган врз Васим Барија, а во нападот загинаа и неговиот татко и брат.
Индискиот премиер Нарендре Моди минатата година ја укина посебната автономија на Кашмир, кој со години се соочува со екстремистички напади. ми/