• понеделник, 15 април 2024

Убедлив пораз за Еурофарм Пелистер на гостувањето во Берлин

Убедлив пораз за Еурофарм Пелистер на гостувањето во Берлин

Берлин, 21 февруари 2023 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа висок пораз вечерва на гостувањето кај Фуксе Берлин. Германскиот претставник забележа победа со 34:25 во 9. коло од Д-групата на Лигата на Европа.

За битолчани ова беше петти пораз, додека Фуксе Берлин ја забележа максималната деветта победа.

Фуксе е лидер на табелата со 18 бодови, Архус е втор со 14, Бидасоа има 7 на третото место, Еурофарм Пелистер е четврти со 6, Мотор е петти со 5, Агус Сантас е последен со 4 бода.

Во последното коло Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Мотор во директен дуел за пласман на 4. место кое носи учество во следната фаза. зс/

Остани поврзан