• петок, 15 ноември 2024

Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу

Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу
Барселона, 1 март 2021 (МИА) - Поранешниот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу беше уапсен утрово на 1 март во неговиот дом. Ова го објави на Твитер новинарката на „Каденасер“, Ана Панкси. Денес, канцеларијата во Барселона беше претресена во врска со случајот корупција на Бартомеу. Според истрагата, екс-шефот вршел трансакции во име на клубот со цел да добие личен профит. Бартомеу се повлече од функцијата претседател на Барселона во октомври 2020 година. Изборот на нов претседател ќе се одржи на 7 март. зс/

Остани поврзан