• недела, 22 декември 2024

Уапсен поранешниот пакистански премиер Имран Кан

Уапсен поранешниот пакистански премиер Имран Кан

Исламабад, 9 мај 2023 (МИА) - Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан денеска е уапсен во главниот град Исламабад, објавија локалните медиуми.

Како што пренесува Анадолија, апсењето следи еден ден откако Кан обвини висок воен функционер дека планирал да го убие.

Кан беше приведен од Ренџерите, паравоените сили во земјата, токму кога судот во Исламабад му одобри привремена кауција во седум случаи. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан