• среда, 15 мај 2024

Уапсен жител на Кратово осомничен за обљуба на малолетничка

Уапсен жител на Кратово осомничен за обљуба на малолетничка

Крива Паланка, 8 декември 2023 (МИА) - Дваесет и тригодишен кратовчанец бил приведен од  полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради сомнение дека обљубил малолетничка.

- Во текот на вчерашниот ден,  7 декември 2023 година, во 16.45 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот К.Г. од Кратово кој се сомничи дека упатил закани кон малолетничка од Куманово,  со која претходно бил во љубовна врска. Истото лице се сомничи и дека извршило полови дејствија врз неа, информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Кратовчанецот К.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан