• четврток, 19 декември 2024

Уапсени тројца навивачи поради хомофобични скандирања на мечот Ливерпул – Челзи

Уапсени тројца навивачи поради хомофобични скандирања на мечот Ливерпул – Челзи

Ливерпул, 24 јануари 2023 (МИА) - Англиската полиција уапси навивачи кои извикуваа навредливи скандирања. Неколку навивачи скандираа хомофобични скандирања на натпреварот помеѓу Ливерпул и Челзи во 21. коло од Премиер лигата (0:0).

Полицијата во Ливерпул потврди дека 23-годишен, 37-годишен и 49-годишен маж биле уапсени „под сомневање за хомофобични навреди што може да предизвикаат вознемиреност, страв или ментална болка кај други лица.

-Две апсења се случија надвор од стадионот на „Енфилд“ и едно внатре во спортската арена.

Триесет и седумгодишникот е пуштен со кауција и се чека понатамошна истрага, додека 23-годишниот и 49-годишниот ќе бидат присутни на доброволно распит.

Знаеме и дека 16 лица беа изведени од стадионот од страна на стјуарди за различни прекршоци за време на натпревар од Премиер лигата, се вели во соопштението на полицијата. зс/

Остани поврзан