• понеделник, 20 мај 2024

Уапсениот американски новинар Еван Гершкович останува во притвор во Русија до 29 мај

Уапсениот американски новинар Еван Гершкович останува во притвор во Русија до 29 мај

Москва, 18 април 2023 (МИА) - Судот во Москва денеска одлучи американскиот новинар Еван Гершковиќ, кој беше уапсен под обвинение за шпионирање, да остане во затворот во Лефортово до 29 мај.

Гершкович (32), вработен во американскиот весник „Волстрит журнал“,беше уапсен од руските власти во градот Екатеринбург, источно од Москва, под обвинение за шпионажа.

Гершкович денеска се појави пред судот во Москва на почетокот на жалбеното рочиште за да се утврди дали ќе му биде одреден притвор.

Тој тивко стоеше во посебна стаклена кабина во судницата, не кажувајќи ништо, додека десетици новинари се туркаа во судницата за да го видат и сликаат.

Гершкович е обвинет дека се обидел да добие доверливи информации за руска фабрика за оружје, што тој, неговиот весник и американските власти ги негираа.

За ова обвиение Гершкович, според рускиот кривичен законик,  може да добие до 20 години затворска казна. сд/

Остани поврзан