• петок, 05 декември 2025

Т6: Како македонската едрилица Илинденка беше спасена од Воздухопловниот музеј во Белград поради реставрација во Скопје

Т6: Како македонската едрилица Илинденка беше спасена од Воздухопловниот музеј во Белград поради реставрација во Скопје

Белград, 20 септември 2023 (МИА) - Благодарение на добрите односи меѓу Србија и Северна Македонија преку иницијативата Отворен Балкан, на барање на премиерот Димитар Ковачевски преку српскиот претседател Александар Вучиќ, вратено е првото македонско летало, едрилицата Илинденка, во Северна Македонија, за да биде реставрирано и изложено во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

-Благодарение на новиот моментум во односите меѓу Србија и Северна Македонија преку економско-политичката иницијатива Отворен Балкан, македонските воздухопловци го анимираа својот премиер, кој побарал од српскиот претседател да ја врати Илинденка во Северна Македонија на една година. По три месеци комуникација со Министерството за одбрана на Србија, тие пред една недела ја префрлија едрилицата во Скопје, изјави директорот на Аеро клубот Скопје, Дејан Саздовски, за српскиот воздухопловен портал „Танго сикс“ (Т6).

Според договорот, Илинденка, единствениот авион дизајниран и произведен во Македонија, една година ќе биде изложен во Северна Македонија на различни локации како „свет грал на македонската авијација“, по што ќе биде вратен на Музејот на воздухопловството во Сурчин, Белград.

-Најемотивно и историски највредното летало на статичниот дел на големиот аеро митинг во Скопје минатиот викенд, беше едрилицата Илинденка - ЈУ-4109. Откако никогаш во својата пензија (од 60-тите години на минатиот век) не излезе од најнепријатната просторија во која може да престојуваат авиони во Србија, депото на Музејот на воздухопловството во Белград, пред неколку недели леталото беше доставено во Северна Македонија, да се реставрира и изложи, привремено на една година, пишува Т6.

-Аероклубот Скопје планира да изврши дополнителна реставрација на едрилицата Илинденка во следните три месеци, изјави Саздовски, додавајќи дека по нејзиното враќање во Белград ќе биде изложена во постојаната поставка на Музејот на воздухопловството. об/мд/

Фото: „Танго сикс“ (Т6)

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан