Тухел се надева дека повредата на Хари Кејн не е сериозна
- Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изрази надеж дека повредата на Хари Кејн не е сериозна. Напаѓачот ја погоди стативата во победата од 5-2 на гости кај Дармштад и го изврте глуждот. Англичанецот веднаш беше заменет во 82. минута, а наместо него во игра се појави Ерик-Максим Чупо-Мотинг.

Минхен, 16 март 2024 (МИА) - Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изрази надеж дека повредата на Хари Кејн не е сериозна. Напаѓачот ја погоди стативата во победата од 5-2 на гости кај Дармштад и го изврте глуждот. Англичанецот веднаш беше заменет во 82. минута, а наместо него во игра се појави Ерик-Максим Чупо-Мотинг.
- Тој ја удри гредата и малку го искриви глуждот. Веднаш му ставија мраз. Се уште нема дијагноза, треба да почекаме. Се надевам дека не е ништо лошо, изјави Тухел по мечот.
Самиот Кејн изјави дека имал малку болки кога го напуштил стадионот.дс
Фото: Архива