• сабота, 13 декември 2025

Турција и Сирија разговараа за соработката во сферата на безбедноста на министерска средба во Анкара

Турција и Сирија разговараа за соработката во сферата на безбедноста на министерска средба во Анкара

Анкара, 12 октомври 2025 (МИА) - Министрите за надворешни работи и за национална одбрана на Турција, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер, како и шефот на турската Национална разузнавачка организација МИТ, Ибрахим Калн, се сретнаа денеска во Анкара со своите сириски колеги, јави Анадолија.

Според турски дипломатски извори, од сириска страна на средбата учествувале министерот за надворешни работи Асад аш Шибани, министерот за одбрана Мурхаф Абу Касра и шефот на сириското разузнавање Хусеин Саламех.

На средбата биле разгледани теми од соработката меѓу Турција и Сирија во областа на безбедноста, како и актуелни прашања, се вели во информацијата, без да се дадат повеќе детали за содржината на разговорите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан