• петок, 12 декември 2025

Турскиот парламент формираше комисија за надгледување на процесот за разоружување на ПКК

Турскиот парламент формираше комисија за надгледување на процесот за разоружување на ПКК

Анкара, 5 август 2025 (МИА) - Турскиот парламент формираше комисија за надгледување на процесот на разоружување на забранетата милитантна група Работничка партија на Курдистан (ПКК), откако лидерот на таа група, Абдула Оџалан, од турски затвор повика на прекин на бунтот.

Триесет членови на ПКК симболично го запалија своето оружје на церемонија одржана минатиот месец во северен Ирак како прв чекор кон прекинување на деценискиот конфликт со Турција, во кој загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Претседателот на турскиот парламент, Нуман Куртулмуш, им рече на пратениците на отворањето на денешната седница дека една од одговорностите на новоформираната комисија е надзор на процесот на разоружување. зш/

Остани поврзан