• понеделник, 07 октомври 2024

Турскиот министер за надворешни работи Фидан во официјална посета на Северна Македонија

Турскиот министер за надворешни работи Фидан во официјална посета на Северна Македонија

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што информира МНР, фокус на разговорите Муцунски - Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, искористувањето на инвестициските можности и унапредувањето на соработката во други области од заемен интерес.

Според агендата, двајцата министри најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, па билатерална средба на која ќе присуствуваат и делегации од двете министерства, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Фидан ќе го посети и Собранието на РСМ каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши. мч/аа/

фото: МИА архива

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан