• петок, 05 декември 2025

Турскиот амбасадор Улусој и градоначалникот Лимани најавија проширување на соработката

Турскиот амбасадор Улусој и градоначалникот Лимани најавија проширување на соработката

Гостивар 30 септември 2025 (МИА) – Амбасадорот на Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој денес имаше работна посета на Гостивар и се сретна со в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани.

Од Службата за информирање на Општина Гостивар посочија дека средбата била многу срдечна и поминала во конструктивен разговор. Градоначалникот Лимани ја оценил оваа посета како чест и искажал благодарност за можноста да се разговара за можности за соработка со Турција.

- Чест и голема радост ми беше денес да го се сретнам со амбасадорот на Турција, неговата екселенција Фатих Улусој. Разговаравме за бројни соработки кои се природни со една братска држава како Турција, изјави Лимани. згм/фф/

 Фото: Општина Гостивар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан