Турскиот амбасадор Улусој и градоначалникот Лимани најавија проширување на соработката
- Амбасадорот на Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој денеска имаше работна посета на Гостивар и се сретна со в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани.
Гостивар 30 септември 2025 (МИА) – Амбасадорот на Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој денеска имаше работна посета на Гостивар и се сретна со в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани.
Од службата за информирање на Општина Гостивар посочија дека средбата поминала во конструктивен разговор. Градоначалникот Лимани ја оценил оваа посета како чест и искажал благодарност за можноста да се разговара за можности за соработка со Турција.

- Чест и голема радост ми беше денес да се сретнам со амбасадорот на Турција Фатих Улусој. Разговаравме за бројни соработки кои се природни со една братска држава како Турција, изјави Лимани. згм/мд/
фото: Општина Гостивар