• сабота, 23 ноември 2024

Турска донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата

Турска донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата
Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Aмбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок денеска во скопската касарна „Илинден“ и предаде на министерката за одбрана Радмила Шекеринска донација за армијата од нови 7.400 комплети гортекс униформи. Таа најави дека веќе е завршена набавката на втора нова борбена униформа за сите припадниц, финиширана е свечената униформа за припадниците на Армијата, а обезбедна е и нова АБХ опрема и спорстка опрема за сите припадници на Армијата. Со оваа донација, нагласи Шекеринска, секој припадник на Армијата на РС Македонија, се обезбедува целосна опременост, со што, како што рече, можеме гордо да кажеме дека македонската aрмија е опремена aрмија. Освен основната опрема, посочи, ќе добие и одело гортекс што овозможува живеење, вежбовни активности и операции во секакви временски услови. Заблагодарувајќи му се aмбасадорот на Турција и на военото аташе за донацијата, министерката Шекеринска истакна дека ова е само мал дел од поддршката што Турција ја дава и нагласи оти нашата соработката не се однесува само на дискусии околу безбедноста и на политички пораки, дури не ги опфаќа и само заедничките учества во операции, туку тоа значи и учество и соработка на вакви важни проекти за македонската армија. - Во изминатите години во нашата политика за приклучување во НАТО, Турција беше гласен и постојан сојузник, беа присутни на состаноците со Алијансата со пораки за поддршка за нашата држава и истакнуваа дека стабилноста на регионот може само да порасне доколку се приклучиме во НАТО. Поддршката не се сведуваше само на политички пораки, туку во сите години изминати соработката подразбираше и поддршка во напорите за модернизација и за опремување на Армијата, изјави меѓу другото министерката Шекеринска по примопредавањето на донацијата. Aмбасадорот Хасан Мехмет Секизкок потенцира дека соработката помеѓу нашите земји што се базира на сигурни темели, ќе продолжи да се развива во сите области и во наредниот период. Турција како напредна земја во областа на одбранбената индустрија, рече тој, ќе продолжи да дава секаков вид поддршка при модернизацијата на војската на РС Македонија. Според амбасадорот Мехмет Секизкок, блиската соработка помеѓу Турција и Македонија, што датира од самата независност на земјата, може да претставува пример во сите области и се пренесува и во денешницата. - Моќните врски на военото поле го потврдуваат фактот колку обострано си посветуваме внимание за нашата безбедност. Конечното зачленување на Македонија во НАТО пред една година, членство што долги години го заслужуваше ќе овозможи уште помоќно вкоренување на заедничките вредности на Алијанста низ Балканскиот регион, изјави  амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок во скопската касарна „Илинден“, по предавањето на донацијата од униформи за  македонската армија.цр/са/

Остани поврзан