Турнир во голбал за лица со оштетен вид се одржа во Кавадарци
- Турнир во голбал за лица со оштетен вид се одржа вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Николче Делов, претседател на кавадаречкиот Сојуз за спорт и рекреација на лица со инвалидност.

Кавадарци, 9 октомври 2023 (МИА) - Турнир во голбал за лица со оштетен вид се одржа вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Николче Делов, претседател на кавадаречкиот Сојуз за спорт и рекреација на лица со инвалидност.
-Натпреварот во голбал се реализираше во училишната спортска сала на основното општинско училиште ,,Гоце Делчев" во Кавадарци. Ние како Сојуз бевме домаќини на овој пријателски турнир. Покрај кавадаречки учесници, чествуваа и претставници од сојузите од Битола и Прилеп. Прилепчани беа најдобри, битолчани го освоија второто место, а кавадарчани третото, појасни Делов.
Учесниците добиле благодарници и дипломи, а за првопласираната екипа била обезбедена и статуетка. свд/дма/
Фото : ССРИ Кавадарци