• четврток, 11 јули 2024

Туристички воз, изложба на олдтајмери, мото рели - дел од годинашниов „Тиквешки гроздобер“

Туристички воз, изложба на олдтајмери, мото рели - дел од годинашниов „Тиквешки гроздобер“

Кавадарци, 10 јули 2024 (МИА) - Туристички воз, изложба на олдтајмери, мото рели се само дел од годинашната програма најавена за „Тиквешки гроздобер“.

Како што информираат од кавадаречката локална самоуправа, предвидени се и кошаркарски турнир „Сестри Китеви“, традиционалната „Таблијада“, домашна и странска музичка програма.

Традиционалниот тиквешки карневал е планиран за вториот ден од манифестацијата, а детското карневалско дефиле за последниот ден од настанот.

Кралица и крал има Кавадарци, вечерва се одржува Карневалот за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“. Многубројни групи од земјава и странство, со најразлични маски, се дел од карнева

 

За посетителите во „Полициското паркче“ во градот, предвидени се староградска музика и скара.

Високи гости и делегации ќе бидат пречекани во Винскиот музеј.

Програмата, како што наведуваат од локалната самоуправа, ќе биде дополнително развиена до манифестацијата.

Годинава, „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември. свд/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан