• среда, 04 декември 2024

Трудо му ветил на Трамп построга контрола на границата меѓу САД и Канада

Трудо му ветил на Трамп построга контрола на границата меѓу САД и Канада

Отава, 2 декември 2024 (МИА) – Канадскиот премиер Џастин Трудо му вети на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека Канада ќе ја засили контролата на заедничката граница, изјави денеска канадскиот министер за јавна безбедност Доминик Леблан.

Тој рече дека политичарите разговарале за дополнителни безбедносни мерки што Канада треба да ги воведе.

- Ќе се обидеме да набавиме, на пример, дополнителни дронови, дополнителни полициски хеликоптери, ќе преместиме персонал … веруваме дека границата е безбедна, рече Леблан.

Тој истакна дека средбата била многу срдечна и оти двете земји се цврсто економски поврзани.

- Мислам дека е важно да им покажеме и на Канаѓаните и на Американците дека презедовме видливи мерки на границата, додаде тој.

Трудо отпатува за Флорида во петокот за да има вечера со Трамп, кој најави дека ќе воведе царини од 25 отсто за канадски стоки, освен ако Отава не направи се што може за да ги спречи мигрантите да влезат во САД и да го намали шверцот на дрога од Мексико преку Канада во Америка.

Со оглед на тоа што Канада извезува 75 отсто од своите стоки и услуги во САД, новите царини би биле голем товар за економијата на земјата. јт/

Фото: Трудо на Х

Остани поврзан