• петок, 05 декември 2025

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово

Струмица, 17 ноември 2025 (МИА) - Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.рт/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан