Тројца загинати и 23 ранети по утринскиот ракетен напад врз Запорожје
- Три лица загинаа, а 23 се повредени по утринскиот ракетен напад врз Запорожје, соопшти гувернерот Иван Федоров преку апликацијата Телеграм.
Киев, 18 август 2025 (МИА) – Три лица загинаа, а 23 се повредени по утринскиот ракетен напад врз Запорожје, соопшти гувернерот Иван Федоров преку апликацијата Телеграм.
Според Федоров, голем број од повредените се во тешка состојба, а лекарите во моментов се борат за нивните животи.
„Ова се последиците од непријателскиот напад врз Запорожје“, изјави тој.
Под медицински надзор се наоѓаат 20 лица со повреди од експлозија и рани од шрапнели, меѓу кои и 17-годишно момче. Дел од повредените се во операциони сали, а лекарите прават сè за да го зачуваат нивниот живот и здравје, додаде Федоров. ссм/
фото: Гугл мапи