• четврток, 04 декември 2025

Трката за ГН на Канада останува во календарот на Ф1 до 2035

Трката за ГН на Канада останува во календарот на Ф1 до 2035


Монтреал, 17 јуни 2025 (МИА) – Трката за Големата награда на Канада ќе остане во календарот на Формула 1 до 2035 година, откако денеска беше објавено продолжување на договорот за уште четири години.
Патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал е позната по своите возбудливи трки, а овогодинешното издание донесе судир меѓу возачите на Мекларен, Ландо Норис, и Оскар Пјастри.
Патеката во Монтреал прв пат беше домаќин на трка од Формула 1 во 1978 година, а претходниот договор предвидуваше да остане во календарот до 2031 година.
„Додека Формула 1 слави 75 години постоење, симболично е што ја продолжуваме нашата соработка со Големата награда на Канада, трка богата со историја и големо значење, именувана по вистинска легенда, Жил Вилнев“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан