• петок, 03 мај 2024

Тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство“ во организација на ОБСЕ се одржува во Скопје

Тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство“ во организација на ОБСЕ се одржува во Скопје

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство“, како дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на кривичната правда за борба против родовото насилство во Југоисточна Европа“ во организација на ОБСЕ, се одржува денеска во Скопје.

Советникот на полициски реформи од Секретаријатот на ОБСЕ, Бјорн Торе Салтвик, истакна дека овој проект има за цел да го обработи родово базираното насилство ставајќи го центарот на жртвата и нагласи дека проектот веќе е претставен во Унгарија, Романија и Бугарија.

 - Нашата цел е да се прошири темата бидејќи не се работи само за семејно насилство, но за жал во сите овие случаи најчесто жртва е жената, рече Салтвик.

Тој истакна дека покрај другите видови на насилство, тука се вбројува и онлајн насилството кое е многу актуелно и често денес.

 - Овој проект е заснован на Истамбулската конвенција и сите земји кои учествуваат во проектот ја имаат потпишано конвенцијата, додаде Салтвик.

Агендата на тркалезната маса предвидува две панел сесии кои имаат за цел да обработат разбирање на родовото насилство, неговите форми и влијание, како и насоки за известување на родово базираното насилство, потоа две работилници посветени на етичките принципи при известувањето на медиумите, како и театарска претстава на актерската група Центар за младинско образование од Босна и Херцеговина. сан/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан