Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
- Во изјава за МИА, една од измамените неготинки, го сподели моментот кога добила повик дека нејзината малолетна внука од син доживеала тешка несреќа и итно мора да биде оперирана. Лицето кое се претставило како директор на болницата во Велес, убедливо ѝ кажало дека состојбата е сериозна и дека се потребни 20.000 евра за да се спаси ногата на девојчето и да не остане инвалид. За измамата да звучи уште поверодостојно, на телефон била пуштена жена која плачела, а на пензионерката ѝ било кажано дека е тоа нејзината снаа, која е во болницата заедно со другата малолетна внука. Со тоа, како што истакна, самата дополнително била доведена во состојба на паника и страв. Таа нагласи дека парите не биле предадени, но, шокот, стресот и траумата останале. Притоа сподели дека измамниците се исклучително итри.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.