• четврток, 12 март 2026

Без струја корисници во Центар, Бутел и Карпош

Без струја корисници во Центар, Бутел и Карпош

Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) -  Без електрична енергија денеска од 08.30 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Смирненски“ од бр. 19 до крајот на улицата кон Бул. „Партизански Одреди“ во општина Центар, како и индустриските објекти на бул. „Босна и Херцеговина“ (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ) во општина Бутел. 

Прекин во снабдувањето со струја денеска ќе има и за корисниците од дел од ул. „Козле“ во општина Карпош во периодот од 08:40 до 09:40  часот. 

Причина за прекините се најавени зафати во електродистрибивната мрежа од страна на ЕВН Македонија, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.лв/ 

фото: МИА архива 

Остани поврзан