• понеделник, 13 мај 2024

Три лица повредени во сообраќајка во Струмица

Три лица повредени во сообраќајка во Струмица

Струмица, 12 април 2024 (МИА) - Три лица се повредени попладнево во сообраќајка во Струмица откако две возила се судриле на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство и Единство“, а едното од нив од ударот се превртело.

Според информацијата од СВР Струмица, попладнево околу 16:30 часот во Полицисиката станица во Струмица било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „шеворлет“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Б. (77) од Струмица и товарно возило “фиат“, исто така со струмички регистарски таблички, управувано од К.Л.(45) од Струмица.

Тешко повреден е возачот на товарното возило, а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75)

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица. рт/сст/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан