• вторник, 13 август 2024

Три лица загинаа во судирите на авганистанско-пакистанската граница

Три лица загинаа во судирите на авганистанско-пакистанската граница

Кабул, 13 август 2024 (МИА) - Тројца авганистански државјани се убиени во судири меѓу авганистанските и пакистанските безбедносни сили на границата меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на талибанците, цитиран од британските медиуми.

Борбите се случиле синоќа во близина на југозападниот граничен пункт Торхам, откако пакистанските граничари отвориле оган врз авганистанските гранични сили, изјави муфтијата, Абдул Матин, портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи.

-Пакистанските сили гаѓаа цивилни домови и убија една жена и две деца, рече тој.

Пакистанската армија сè уште не одговорила на барањето за коментар.

Често избиваат судири меѓу безбедносните сили на двете земји стационирани долж границата. Границата беше воспоставена пред неколку децении за време на британската колонијална власт и долго време беше оспорувана. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан