• недела, 21 јули 2024

Три екипи пожарникари го гаснеле пожарот во напуштената куќа во центарот на Куманово

Три екипи пожарникари го гаснеле пожарот во напуштената куќа во центарот на Куманово

Куманово, 23 ноември 2023 (МИА) - Три екипи на Противпожарнарната единица  го гаснеле пожарот во напуштена семејна куќа на улицата „Моша Пијаде“ што избувна вчера во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, од Територијалната противпожарна единица и од СВР Куманово.

Во пожарот било зафатено едно патничко моторно возило кое било паркирано во близина на опожарената куќа. Повредени лица нема. Пожарот во противпожарната единица била пријавен вчера во 17:25 часот.

-На терен пристигна прво една екипа со едно возило, која откако видела дека станува збор за поголем пожар повикала и друга екипа со уште едно возило. Во текот на гаснењето беше повикана уште една екипа со возило. Пожарот е изгаснат во 20:35. Утрово уште екипата е таму за да изврши контрола, изјави командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски.

Кумановската полиција информираше дека во пожарот било зафатено и паркирано возило, непосредно во близина на куќата. ам/мд/

Фото: Биљана Спасиќ Митковска

Остани поврзан