• четврток, 21 ноември 2024

Трипуновски: Поделени 493 милиони денари за „зелена“ нафта, идната година измени на мерката за да биде поефективна

Трипуновски: Поделени 493 милиони денари за „зелена“ нафта, идната година измени на мерката за да биде поефективна

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев ја посетија Подрачната единица на МЗШВ во Струмица, каде што денеска се поделени преку 4 500 картички за „зелена“ нафта со вредност од над 39 милиони денари.

-Од денеска почнаа да се делат картичките за зелена нафта. Министерството одвои 493 милиони денари со кои ќе бидат покриени трошоците за „зелена“ нафта на 46 000 земјоделци, истакна Трипуновски.

Тој најави дека оваа мерка идната година ќе претрпи одредени измени за да биде поефективна. Според Трипуновски, мерката треба да се ревидира за да има целосен ефект врз земјоделското производство. мч/са/

фото: МЗШВ

 

Остани поврзан