• четврток, 16 април 2026

Трипуновски од Ранковце: Заедно да работиме за стабилен и конкурентен земјоделски сектор

Трипуновски од Ранковце: Заедно да работиме за стабилен и конкурентен земјоделски сектор

Ранковце, 27 март 2026 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, попладнево оствари средба со жителите на општина Ранковце, при што ги посети селата Опила и Псача во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Тој порача дека Владата е посветена на директна комуникација со земјоделците, со цел креирање политики што ќе одговараат на нивните реални потреби и ќе обезбедат стабилен и конкурентен земјоделски сектор.

- На средбите со сточарите, полјоделците и овоштарите разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат, но и за можностите за развој и унапредување на домашното производство. Гласот на земјоделците го слушаме, заедно да работиме за стабилен и конкурентен земјоделски сектор, порача Трипуновски.

На средбите со жителите од овој крај на Североистокот присуствуваше и градоначалникот на Ранковце, Даниел Павловски, кој заедно со тим од општината придонесоа за промоција на кампањата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство насловена „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Кампањата почна пред една недела и истата предвидува посета на над триесет општини од државата од страна на два големи тима од Министерството, а планирана е теренска псоета и на повеќе од 120 населени места од страна на шест помали тимови.

На средбата присуствуваа голем број жители кои непосредно од министерот в и неговиот тим слушнаа за досегашните активности на Министерството, како и за тековните и идните мерки и политики во секторот земјоделство. ид/дма/

Фото: МЗШВ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан